Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота денеска ќе го прославеше својот 29-ти роденден, па неговиот последен клуб Ливерпул го одбележа роденденот.
Клубот се сети на португалскиот крилен напаѓач.
„Денес, како и секој ден, се сеќаваме на Диого Жота, на денот кога ќе наполнеше 29 години. Целата наша љубов, мислите и молитвите продолжуваат да бидат со неговата сопруга Рут, неговите деца, родителите и целото негово семејство и пријателите, како и со оние на неговиот брат Андре. Засекогаш во нашите срца, вечно нашиот број 20“, објави Ливерпул.


