Денеска може да биде денот кој во Леверкузен го чекаат 119 години

Баер Леверкузен е на прагот да ја освои својата прва бундеслигашка титула во историјата.

Фармацевтите титулата може да ја обезбедат викендов, а јасни се пресметките што им треба за да се случи тоа што го чекаат 119 години колку што постои клубот. За да ја осигураат титулата уште денеска, им треба Баерн Минхен да загуби дома од Келн, и Штутгарт да биде поразен од Ајнтрахт. Порази на Баерн и Штутгарт, ќе значат дека вечерва Баер Леверкузен може да ја прослави титулата.

Сепак, поверојатно е сценариото дека Баварците и Швабите нема да киксираат, па Леверкузен ќе треба сам да си ја заврши работата утре против Вердер, без разлика што ќе направат денеска Баерн и Штутгарт.

Победа на тимот на тренерот Чаби Алонсо утре против Вердер, ќе значи идеално сценарио за нив, прослава на титулата на својот стадион, а не гледајќи на телевизија како губат нивните ривали, што може да се случи вечерва.

- Оглас -

Најнови вести