На Европското ракометно првенство денеска освен дуелот Македонија – Швајцарија, ќе се одиграат уште пет натпревари од последното трето коло во групите А,Б и Ц и за дербито на денот Sport Life има специјална понуда.
Специјалната понуда на Sport Life за дуелот токму од групата А меѓу Германија и Франција нуди можност да се одиграат различни игри кои се надвор од стандардната понуда.
Може да се игра која селекција прва ќе постигне гол, која прва ќе дојде до три, до пет, до седум и до десет гола. Потоа кој ќе го изведе првиот седмерец, колку седмерци ќе има на натпреварите, колку исклучувања, како и која селекција ќе го постигне последниот гол.
Ова е дуел од групата во која е Македонија и претставува пресметка за првото место и која селекција ќе пренесе бодови во главната рунда. Германците со две победи над Швајцарија (27:14) и над Македонија (34:25) се први на табелата, додека Франција по триумфот над избраниците на Кирил Лазаров (39:29), киксна во второто коло и одигра 26:26 против Швајцарците.
Иако Германија е домаќин и има бод повеќе на табелата, според квотите, Франција е поблиску до победата (1.80).
Во балканската пресметка ќе играат Србија и Црна Гора, каде што победата е императив за нашиот северен сосед. Србите по ремито со Исланд (27:27), во второто коло загубија од Унгарија (27:28) и си ги намалија шансите за освојување на едно од првите две места во групата. И со евентуална победа, Србија може да не биде втора во групата бидејќи Исланд со реми или победа над Унгарија ќе го продолжи настапот на ЕП.
Во чудна ситуација е и Хрватска, која по фантастичната победа над Шпанија од 39:29, со ремито против Австрија малку си ја закомплицира ситуацијата и постои мала шанса да остане без првото место во групата Б. Хрватска и Австрија имаат по три бода, Шпанија два, а Романија е без бодови. Доколку Хрватите не ја совладаат Романија, а Австрија слави против Шпанија, тогаш Австријците ќе го освојат првото место.
Во богата понуда на Sport Life за ракометното Европско првенство има и 24-ца ракометари за играта „плус-минус“ на голови.