34.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Денеска наполни 18 години и беше претставен како играч на Реал Мадрид

Аргентинскиот фудбалер Франко Мастантуоно денеска стана полнолетен и на првиот ден кога стекна право да стане член на Реал Мадрид, потпиша шестгодишен договор и беше претставен како нов играч на Кралскиот клуб.

Тинејџерот доаѓа од Ривер плејт, а може да игра како десно крило или полушпиц. Во Реал ќе носи дрес со бројот 30, истиот што го имаше и во Ривер.

Мастантуоно е регистриран за вториот тим на Реал бидејќи броевите над 25 се резервирани за млади играчи. Но, Реал најде правна дупка. Мастантуоно без проблем може да игра со 30-ката за првиот тим и на тој начин го оставија слободен бројот 25 во случај да се појави некој трансфер во наредните недели.

„Благодарение на сите овде и на претседателот, мојот сон да се приклучам на најголемиот клуб во светот се оствари, ова е посебен ден за мене, ќе го паметам до крајот на животот. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство и пријателите што секогаш беа тука. Без вас, ова не би било можно. Ветувам дека ќе дадам сè од себе за овој дрес“, изјави Мастантуоно.

- Оглас -

Најнови вести