Денеска пет меча на програмата, утре е шоуто со двата големи дерби дуели

Новото 21. коло на Спортска прогноза започнува во 14 часот, што значи дека е кратко времето да ја направите вашата прогноза, за да бидете во трка за интересните подароци од Sport Life.

Според распоредот, денеска ќе се играат пет меча, а програмата започнува со дуелот Хетафе – Жирона во Шпанија. Во продолжение следуваат два меча од Бундеслигата, а до крајот на денот ќе има и по еден меч од Англија и Италија.

Утре ќе се доиграат останатите осум дуели од ова коло, а најинтересни секако ќе бидат дерби дуелите во Англија и Италија. Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе играат на „Енфилд роуд“, а прогнозерите им даваат подеднакво шанси за победа на двата тима. Што се однесува за дуелот Рома – Јувентус, тука гостите се фаворити и преку 40 отсто очекуваат победа на Старата дама.

За погодени перфектни 13 фикса може да се одбира еден од подароците: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X.

Доколку имате само еден утнат пар, подарокот е во вид на вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари. Ваучер од 500 денари следува за сите оние кои ќе имаат две утки и 11 погодени натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести