Денеска почнува најчудната мини сезона во Формула 1, Хамилтон има опасен конкурент за тронот

Со години наназад бевме навикнати на почетокот на март да го дочекаме стартот на Формула 1 шампионатот, но сезонава не е така. Пандемијата со корона-вирусот буквално во последен момент го одложи стартот на новата сезона. Пред четири месеци сите екипи и возачите беа во Мелбурн, подготвени за првата трка, но во последен момент беше одлучено трката да се одложи поради пандемијата со опасниот вирус, кој во тој период почнуваше да дивее низ цел свет.

Како што одминуваше времето, сè повеќе трки беа одложувани и на крајот стана јасно дека оваа сезона нема да биде како претходните. Наместо предвидените 22 трки кои требаше да бидат прослава за јубилејната 70-та сезона, сега е планирано во мини сезоната да има само осум трки. Најважно за ФИА е сезоната целосно да не пропадне, а првиот тест за тоа како ќе помине еден Ф1 викенд во ерата на корона-вирусот, ќе видиме на патеката за големата награда на Австрија.

Од осумте планирани трки, планот е на две патеки да има по две трки. Тоа ќе се случи во Австрија и на патеката „Силверстоун“ во Англија. Од трките кои се на овој календар се и тие на патеките во Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија.

Трките ќе се возат пред празни трибини, а сите клубови ќе мора да се придржуваат до протокотлот зададен за заштита од корона-вирусот.

Главен фаворит за титулата е актуелниот шампион Луис Хамилтон. Британскиот возач со моќниот болид на Мерцедес тргнува во поход да го стигне легендарниот Михаел Шумахер, кој има рекордни седум титули светски првак. Како најголем ривал на Хамилтон е Макс Ферстапен.

Првите две трки се возат на патеката „Ред бул ринг“, на која Ферстапен славеше минатата сезона, па доколку се случи и оваа година да извози на врвно ниво, Холанѓанецот ќе влезе како фаворит. Третата трка која ќе се вози е на патеката „Хунгароринг“, каде што повторно Ред Бул може да биде во предност во однос на болидите на Мерцедес. Дополнителен мотив за Верстапен е тоа што ова е последна сезона за него во која може да стане најмладиот светски првак во историјата на Формула 1.

Во Sport Life имате комплетна понуда за првата трка во Ф1 шампионатот, од тоа кој ќе ја освои пол-позицијата, па сè до меѓусебни дуели на возачите. Погледнете и обложете се.

 

- Оглас -

Најнови вести