Пристигнувањето на Нејмар, Мбапе, Кавани, Алвес, Ди Марија, Буфон и останатите ѕвезди на Пари Сен Жермен беше причина на белградскиот аеродром да се појават бројни фанови кои бараа прилика да им се доближат и да се фотографираат со своите омилени фудбалери или да земат автограм.
Играчите на ПСЖ беа добро расположени, а како ќе биде утревечер, по натпреварот на „Рајко Митиќ“, останува да се види. На париските „светци“ им треба победа за да одат во осминафиналето од ЛШ.