Денеска се игра меч од кој може да зависи пласманот на Македонија на ЕП 2026

Од денеска, па во следните неколку дена ќе се одиграат последните две кола од квалификациите за пласман на Европското ракометно првенство во следната година. Од 2012 година, Македонија постојано е дел од големите турнири (Светско и Европско првенство), но сега постои опасност таа убава низа да биде прекината.

По четири кола, Македонија има само една победа и е на третото место на табелата зад неприкосновената Словенија, но и зад Литванија, од која загубивме на гостински терен.

Денеска Литванија е домаќин на Словенија. Гостите немаат никаков мотив да играат затоа што сигурно се први и најдобрите играчи воопшто не се во составот за овој меч. Сепак, Словенија треба да игра за реномето и да потврди дека Литванија не може никако да ги изненади.

Доколку се случи Литванија да победи, тогаш тие сигурно ќе бидат на второто место во групата, а Македонија ќе мора да брка место на континенталниот собир како третопласирана.

Македонија утре игра на гости кај Летонија и избраниците на селекторот Кирил Лазаров се големи фаворити. Во последното коло, нашата репрезентација во „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на Литванија.

- Оглас -

Најнови вести