Денеска се игра најскапиот меч во историјата на фудбалот, а тоа не е финалето во ЛШ

Екипите на Брентфорд и Свонси попладнево ќе играат на „Вембли“ во финалето од плејофот за влез во Премиер лигата. Овие два тима стигнаа до чекор од влез во елитата, но на крајот само еден ќе биде дел од елитното англиско друштво за следната сезона.

Според пресметките, победникот од овој меч ќе заработи неверојатна сума од 170 милиони фунти во следните три сезони. Ако победникот успее следната сезона да остане во Премиер лигата, тогаш ќе заработи и дополнителни 280 милиони фунти.

Најголем дел од парите доаѓаат од телевизиските права, но секако тука се и парите кои се добиваат во зависност од успехот на тимот во првенството. Денеска на „Вембли“ кој собира 90.000 гледачи, ќе биде дозволено да има 12.000 навивачи.

Брантфорд никогаш во клупската историја не бил дел од Премиер лигата, додека Свонси ќе се обиде да се врати во елитата за прв пат откако во 2018 година Лебедите испаднаа.  На патот до ова финале од плејофот, Брентфорд го елиминираше Борнмут, откако по поразот со 0:1 во првиот дуел, на ревашот победи со 3:1. Свонси го елиминираше Барнли и тоа со победа на гости од 1:0, додека потоа дома одигра 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести