Денешните полуфиналиња на Мастерсот во Монте Карло може да донесат промена на врвот на АТП листата која ќе биде објавена в понеделник.
Прво Јаник Синер игра со Александер Зверев, а потоа во другото полуфинале се среќаваат Карлос Алкарас и Валентен Вашеро. Првите двајца носители се фаворити и можно е да имаме супер финале кое ќе решава за тронот на АТП листата. Но, ако денеска Синер победи, а Алкарас загуби, тогаш секако Италијанецот ќе биде број 1 од понеделник.
Алкарас лани го освои овој Мастерс и брани 1.000 поени, но ќе биде под притисок денеска, особено ако претходно Синер слави против Зверев. Вашеро настапува под знамето на Монако, миленик е на домашната публика и на Шпанецот нема да му биде лесно да победи, иако важи за голем фаворит на хартија.

