Денеска типувајте на Португалија, Голден стејт и Ѓоковиќ

Португалија – Швајцарија (20:45 часот – Лига на нации, полуфинале плејоф)

Актуелниот европски првак во пресрет на дуелот со Швајцарија е голем фаворит, но не само поради коефициентите, туку и фактот што игра на домашен терен. Првото полуфинале од Лигата на нациите – Сегмент А, ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто. Селекцијата на Португалија повеќе од две години не знае за пораз кога игра пред своја публика, а за дополнителен раст на самодовербата ќе придонесе капитенот Кристијано Роналдо, кој одлучи да го облече репрезентативниот дрес за првпат по ланскиот Мундијал.

Од 2008 година па наваму, овие две репрезентации само трипати ги одмериле силите. Два од тие три им меча припаднаа на Швајцарците со идентични 2-0, додека Португалците исто така се радуваа на победа од 2-0. Бидејќи се работи за битка за финале, се очекува селекторите да тактизираат, а нивните играчи да играат претпазливо.

Предлог тип: 1 & Т12+ (2.30)

 

Голден стејт вориорс – Торонто репторс (03 часот по полноќ – НБА финале, трет натпревар. Серијата е израмнета на 1-1)

Шампионот направи „брејк“ во Канада иако со пораз ја стартуваше финалната серија и обидот да ја одбрани титулата. Сега, откако екипи се преселија во Оукленд, јасно е од кого се очекува победа. Сепак, на тренерот Стив Кер нема да му биде лесно бидејќи се соочува со неколку повредени играчи. Дурант и натаму е неизвесен за настап, а вчера се повредија Томпсон и Луни, па и тие се неизвесни. Затоа цел товар ќе биде на Стеф Кари, но тој треба да има помош од моќниот Грин.

„Оракл арената“ ќе грми за Воините, кои треба да преземат контрола врз оваа серија, но Торонто во досегашниот тек од овие разигрувања покажа дека одлично се носи со притисок, а притоа во својот состав го имаат еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кавај Ленард.

Предлог тип: 1 & >212.5 (2.90)

 

Салернитана – Венеција (20:45 часот –  Серија Б, плејаут финале, прв натпревар)

Двете екипи се борат за опстанок во Серија Б, а многу е важно со кој резултат ќе го дочекаат реваншот. Бидејќи на вториот меч Венеција ќе биде домаќин, доколку издвои добар резултат вечерва, ќе има многу поголеми шанси да си го задржи второлигашкиот статус. Формата на Салернитана од изминатиов период не ветува дека вечерва ќе го направи првиот чекор кон опстанок, но за пример ќе го земе последниот триумф против Венеција на домашен терен со цел повторно да се радува на крајот.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.0)

 

Новак Ѓоковиќ – Аленсандер Зверев (15:30 часот – четвртфинале Ролан Гарос)

Првиот светски рекет во полна пареа сигурно чекори кон нова завршница на Отвореното првенство на Франција. Токму во четврт-финалето за првпат ќе има вистински предизвик бидејќи досега сите мечеви ги доби со 3:0 во сетови. Зверев е младиот тенисер кој често знае да му ги помати сметките на носителот на АТП-листата. Германецот всушност добил три од петте дуели против Ѓоковиќ во својата кариера, така што Новак знае дека треба да излезе на теренот и да одигра на високо ниво.

Знаејќи дека сите претходни средби Ѓоковиќ ги доби со 3:0, јасно е дека не го потрошил цел резервоар. Но, тоа не е случајот со Зверев, два дуели ги одби по пет сета, еден по четири сета, додека единствено во второто коло славеше со 3:0 во сетови.

Предлог тип: 1 & >33.5гемови (2.10)

 

Доминик Тим – Карен Хачанов (15:30 часот – четврт-финале Ролан Гарос)

Сите три меѓусебни меча Тим и Хачанов ги одиграа во 2018 година и сите ги доби Русинот. Но, пресметките се играа на тврда подлога, а Австриецот е многу подобар на земја, така што Хачанов ќе треба да смени тактика ако сака да продолжи со низата победи. Тим досега само еднаш успеа да триумфира со 3:0, и тоа на претходното коло против Монфис. Хачанов, пак, пред два дена му одржа лекција на Дел Потро, така што е мотивиран да продолжи да гази.

Предлог тип: >38.5 гемови (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести