Денеска требаше да почне ЕП 2020

Од денеска ќе уживавме во репрезенативен фудбал и во 16-тото издание на Европското фудбалско првенство. На 12 јуни беше предвиден стартот на контитенталниот шампионат за кој битка за пласман водеше и македонската селекција преку плејофот во Лигата на нациите, но наместо тоа, допрва ќе го проследиме финишот на сезоната во клупските првенства на Стариот Континент.

Пандемијата со корона-вирусот тотално го наруши фудбалскиот распоред, па ЕП 2020 е поместено за следната година на 11 јуни како датум одбран за почеток на првенството. Турнирот на кој ќе се слави 60-годишнина од формирањето, требаше да се одржи во 12 градови низ Европа, а сега тој план може да се смени поради пандемијата со ковид-19 и да се ограничи бројот на градови каде што ќе се играат мечевите.

Надежите на Македонија за пласман на ЕП остануваат исти, се чека потврда кога ќе се игра полуфиналниот дуел против Косово во плејофот од Лигата на нации, како и евентуалното финале преку кое избраниците на Игор Ангеловски ќе бркаат историски пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести