Кошаркарот на Филаделфија 76 ерс, Дени Грин, на дуелот со Орландо меџик направи нешто што не беше видено во НБА лигата од 2017 година наваму. Тој иако играше 24 минути, што е половина меч во НБА, имаше само нули во својата статистика.
Претходен играч кој направил ваков „подвиг“ беше Тони Снел пред пет години, а само 12 пати во историјата се случило некој да игра 20 или повеќе минути без да има поени, асистенција, скок, блокада, освоена или загубена топка.