Дени Илиев има нов клуб, ќе брани за петкратниот шампион на БиХ (Фото)

Повремениот македонски репрезентативец, Дејан Илиев, е нов голман на петкратниот шампион на Босна и Херцеговина, екипата на Сараево. Нашиот голман во Босна и Херцеговина пристигнува од екипата на ХЈК Хелсинки, откако неговиот договор му истече со крајот на сезоната во Финска.

Дени Илиев има еден настап за репрезентацијата на Македонија, но голем број на дуели беше втор или трет голман. Кариерата ја започна во Беласица од Струмица, а потоа следуваше трансфер од соништата и преселба во лондонскиот гигант Арсенал. Преку младинските категории и втората екипа на “топчиите“ следуваа трансфер во Серед (Словачка), Јагелонија (Полска), Шревсбери (Англија), Тренчин (Словачка) и ХЈК (Финска)

- Оглас -

Најнови вести