Денот „Д“ во Јужна Америка – Ривер и Бока во борба за бесмртност

Дојде денот кога Јужна Америка ќе го добие новиот континентален шампион. Ривер плате и Бока јуниорс (21 часот), одново ги вкрстуваат копјата, две недели по ремито од 2-2 на „Ла Бомбоњера“.

Историската пресметка на најголемите ривали во Аргентина ќе се одлучува на култниот „Монументал“, храмот на Ривер ќе приреди ист спектакл како што приредија најверните фанови на Бока пред 13 дена. За многумина во Аргентина, овој дуел е поважен и од финале на Светско првенство. Не постои подобар начин да се докаже кој тим е подобар, туку во директен дуел за најпосакуваниот трофеј во клупскиот фудбал во Јужна Америка, Токму затоа, 247-то издание на „Суперкласико“ никогаш не било поважно.

Ривер се надева дека ќе продолжи со позитивниот учинок против големиот ривал. На последните пет средби, Ривер три пати се радуваше на победа, додека Бока чека точно една година за да се реваншира. Не успеаја на свој терен, но победа и освојување на престижниот пехар во „пеколот“ на „Монументал“ ќе биде многу послатка.

Но, гостите треба да имаат во предвид дека на овој стадион претрпувале тешки дебакли. Во 1941 година, Ривер ја забележа најголемата победа во историјата против градскиот ривал, 5-1. Од вкупно 246 средби, Бока победила на 88 од нив, Ривер се радувал седум пати помалку, додека 77 меча завршиле без победник.

Иако Ривер ја има предноста на домашен терен, предвидувања за конечен исход нема. Само едно е сигурно, ќе биде тоа борба до последната капка пот. Влезниците се одамна распродадени, а се очекува нов рекорд на гледаност преку ТВ екраните.

 

- Оглас -

Најнови вести