Иднината на менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе биде решена во текот на денешниот ден, и тоа на состанок во Лондон, каде што ќе се сретнат челниците на клубот кои викендов беа и на „Вила парк“ во живо да го гледаат мечот со Астон вила кој заврши 0-0.
На состанокот ќе присуствува целото раководство на Црвените ѓаволи, предводено од клупскиот косопственик Џим Ретклиф, а главна тема ќе биде судбината на тренерот.
Според најавите, доколку Тен Хаг биде отпуштен, на негово место како привремено решение ќе дојде помошникот Руд ван Нистелрој.
По 7 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на незадоволителното 14-то место на табелата.