Денот да тргне со прогнозерски тикет и квота 641!

Колото број 9 на Спортска прогноза преполно со дерби натпревари, од кои поголемиот дел се предвидени за денес, нуди амбициозен тикет со коефициент 641.66. Ова е замислата на 1.785 прогнозери кои учествуваа, кои типовите ги приложија според фаворитската улога.

Почнувајќи од дербито на „Олимпико“ меѓу Лацио и шампионот Јувентус кое е закажано во 12:30 часот, се предвидува победа на Бјанконерите која всушност носи најмала квота на потенцијалниот тикет со 1.87.

Најнеизвесна прогноза е „двојката“ на Интер на гостувањето кај Аталанта, 34,40% од учесниците типуваа дека тимот на Конте ќе се радува во Бергамо.

Во дербито на последните два англиски шампиони, Манчестер сити и Ливерпул, не му се дава шанса на актуелниот првак со оглед на тоа дека Клоп не може да смета на клучните играчи како Ван Дајк, Фабињо, Тијаго Алкантара. Поради тоа, 44,87% од прогнозерите се потпреа на „кецот“ на Сити кој носи квота од 2.10.

Прогнозерски тикет според деветтото коло на Спортска прогноза:

(3006) Лацио – Јувентус 2 (1.87)

(3007) Аталанта – Интер 2 (2.35)

(1706) Лориент – Нант 1 (2.50)

(1008) Лестер – Вулверхемптон 1 (2.45)

(1808) Волфсбург – Хофенхајм 1 (2.20)

(1709) Ница – Монако 2 (2.15)

(1009) Манчестер сити – Ливерпул 1 (2.10)

(1809) Баер Леверкузен – Б. Менхенгладбах 1 (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести