На 19 деменври 2009 година, Барселона со 2:1 го победи Естудијантес, во финалето на Светското клупско првенство и на тој начин се испиша историја. Со победата над аргентинскиот тим, Барселона стана првиот клуб кој успеа во една година да освои дури шест значајни трофеи.
Барселона таа сезона стана шампион во Примера дивисион, а ги освои и трофеите во Купот и Суперкупот на Шпанија. Каталонците немаа ривал ниту на европско и светско ниво. Беше освоена титулата во Лигата на шампиони, триумфираа во Суперкупот на Европа, а како круна на фантастичната година беше трофејот на Светското клупско првенство во Абу Даби и победата над Естудијантес.