На денешен ден, 13 октомври, точно пред 32 години, односно во 1993 година, започна сѐ. Македонија го одигра првиот натпревар и се појави на светската фудбалска мапа.
Вечно ќе се памети мечот во Крањ и победата од 1-4 над Словенија, но на овој датум низ годините, Македонија одигра уште три меча, а вечерва ќе го игра вкупно петтиот на ист датум – 13 октомври.
По Крањ, се чекаше цели 25 години за нов натпревар на 13 октомври, тогаш во Скопје гостуваше Лихтенштајн во Лигата на нациите, а Македонија повторно победи со 4-1.
Единствениот пораз на 13 октомври се случи во 2019 година, кога во квалификациите за Европското првенство загубивме од Полска во Варшава со 2-0.
Во 2024 година, на 13 октомври, Македонија славеше со 0-2 на гостувањето кај Ерменија во Лигата на нациите, меч кој се одигра во Ереван.
Вечерва ќе го одиграме и петтиот меч на овој датум, а досега имаме позитивен биланс од три победи и еден пораз, со гол-разлика од 10 дадени и четири примени гола.