33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Синоќа не се играше НБА кошарка, иако официјално за лигата овој датум не е ден за пауза

Денот на благодарноста е еден од најстарите празници во САД, се слави уште од далечната 1789 година, во времето на првиот претседател Џорџ Вашингтон, затоа и во кошаркарската НБА-лига 13-та година по ред нема мечеви на овој празник кој се одбележува во четвртиот четврток во ноември.

Во НБА нема стриктна регулатива според која клубовите се должни да паузираат на Денот на благодарноста, но со текот на годините е прифатена традицијата да не се игра на овој празник, кој го прифаќаат и сите доселеници во САД.

Љубителите на кошарката кај нас и во поголемиот дел од Европа ќе имаат прилика веќе вечерва, од 20.30 часот, повторно да уживаат во НБА-лигата, а еден меч е закажан од 23 часот по средноевропско време. Останатите осум се во стандардни термини, по полноќ по средноевропско време.

- Оглас -

Најнови вести