Деновите во Барселона му се избројани: Ансу Фати направи хаос на клупата за резерви (Видео)

Барселона со магичен пресврт и победа со гол од пенал во 98-мата минута дојде до победа над Селта Виго со 4-3, но вистински хаос се случуваше на клупата за резервни фудбалери.

„Каталонците“ имаа негатива од 1-3 во 62-рата минута, а само три минути претходно во игра беа уфрлени Олмо и Јамал. Во финишот на мечот, Ханси Флик ги уфрли и Гави, Гарсија и Виктор, а Ансу Фати кога сфати дека нема да добие минутажа, иако неговата екипа брка победа, одлучи гневот да го истури на предметите кои се најдоа околу него.

Веќе се поизвесно е дека ова ќе биде последна сезона за него како член на Барселона и од лето ќе мора да бара нова фудбалска средина. Фати своевремено важеше за светски талент, дури и го споредуваа со Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести