Дентињо го стави Реал во позиција да се тресе за нокаут-фазата (видео)

Шахтар треба да издржи во последните 30 минути од дуелот за да оствари двојна победа над Реал Мадрид. Украинскиот првак дојде до предност преку Дентињо, кој во мечот влезе принудно по повредата на напаѓачот Мораес.

Дентињо ја искористи грешката на Варан, кој наместо да ја прекине акцијата, ја пушти топката да стигне до голгетерот на Шахтар, а овој ефектно го совлада Куртоа.

https://twitter.com/anlik_goller/status/1333851714445848578

Со моменталниот резултат Шахтар избива на втората позиција во групата Б со 7 бода, исто колку што има и Реал, но меѓусебните дуели му даваат предност на украинскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести