Денвер е немоќен без Јокиќ и стартерите, загуби со 30 поени разлика (Видео)

Денвер нагетс доживеа убедлив пораз дури од 30 поени разлика (128:98) на гостувањето кај Минесота тимбервулфс.

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, одлучи покрај Јокиќ, да одмори уште тројца играчи од првата петорка, Џамал Мареј, Арон Гордон и Кентавиус Калдвел Поуп, со што свесно го загуби дуелот во Минесота.

Минесота уште по првата четвртина направи двоцифрена предност, а до полувремето имаше 20 поени предност, по што во вториот дел рутински ја одработи работата за убедлив триумф.

Ентони Едвардс со 20 поени и Деанџело Расел со 18 постигнати поени беа најдобри кај Минесота, додека листата на стрелци на Денвер ја предводеше Мајкл Портер јуниор со 22 поени.

Кошаркарите на Њујорк никс успеаја да надоместат негатива од 21 поен од првата четвртина и на крајот да слават со 108:97 на Филаделфија сиксерс. Џулиус Рендл постигна 24 поени, додека Еван Фурние даде 17 поени за Њујорк, а кај Филаделфија најдобар беше Џоел Ембид со 31 поен и 14 скока.

Убедлива победа оствари и Њу Орлеанс пеликанс, кој со 136:104 го победи Сакраменто кингс, додека Торонто репторс со 106:103 славеше на гостувањето кај Мемфис гризлис.

- Оглас -

Најнови вести