Денвер гази, а од последниот меч зависи дали Јокиќ ќе биде во игра за наградата за МВП

Денвер нагетс го победи Оклахома Сити тандер со 127-107 и тоа без Никола Јокиќ во составот. Сега Нагетс имаат 11 победи по ред, а отсуството на Јокиќ го искористи центарот Јонас Валанчунас кој со 23 поени и 17 скока беше предводник на тимот.

Она што е преокупација за фановите на Јокиќ е дали тој ќе игра на последниот меч со Сан Антонио. Тој меч ќе одреди дали Србинот ќе биде кандидат за наградата најкорисен играч во НБА за оваа сезона. Правилото е дека за да бидеш МВП, мора да одиграш барем 65 меча во регуларната сезона, а Јокиќ во моментов е на 64.

Српскиот центар има просек од 27,8 поени, 12,9 скока и 10,9 асистенции по меч, па ќе биде главен кандидат за признанието, но само ако игра уште еден меч.

Инаку рано утрово, Леброн Џејмс стана четвртиот во историјата на лигата со 12.000 асистенции, а првиот 40-годишник кој на три меча по ред имал барем 25 поени и 10 асистенции. Лејкерс го победи Феникс со 101-73 и обезбеди домашна предност во првото коло од плејофот. Стеф Кари го надмина Тим Данкан и сега е 18-ти стрелец во историјата на НБА, а Еј Џеј Грин погоди 11 тројки што е нов рекорд на Милвоки бакс.

- Оглас -

Најнови вести