20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Денвер го загуби првото место на Западот, Јокиќ е повреден!

Екипата на Оклахома славеше убедливо на гостувањето кај Торонто со 123:103 во меч по кој се искачи на првото место на табелата на западната конференција. Оклахома сега има биланс од 49 победи и 20 порази, па го прескокна актуелниот првак Денвер кој е со 49 победи, но има 21 порази.

Уште една лоша вест за Денвер е тоа дека Никола Јокиќ се пожалил на повреда во грбот и најверојатно нема да игра на следниот меч против Портланд на гости.

Во игра на „мачка и глушец“, Бостон беше убедлив кај Деторит и славеше со 129:102. За Бостон ова е осма победа по ред и тоа е тимот со убедливо најдобар биланс сезонава (56 победи и 14 порази), додека Детроит остана на 12 триумфи во 70 пресметки.

Резултати: Детроит – Бостон 102:129, Торонто – Оклахома 103:123, Мајами – Њу Орлеанс 88:111, Минесота – Кливленд 104:91, Сан Антонио – Мемфис 97:99, Голден Стејт – Индијана 111:123, Портланд – ЛА клиперс 117:125, ЛА лејкерс – Филаделфија 101:94.

- Оглас -

Најнови вести