Вечерва се игра петтиот натпревар од големото финале во НБА-лигата меѓу Денвер нагетс и Мајами хит, кој може да биде и последен, а Sport Life ја има најдобрата понуда за своите обложувачи.
Дебитантот во финалињата, Денвер нагетс, предводен од неверојатниот Никола Јокиќ, води со 3-1 во победи и вечерва има одлиична шанса пред своите гледачи во „Бол арената“ со победа за првпат да стане шампион.
Квотата за Денвер да слави во петтиот меч изнесува 1.34, додека таа за триумф на Жешките, кои ќе се обидат да ја продолжат финалната серија, изнесува 3.70.
И Вечерва повторно сè ќе се врти околу Никола Јокиќ. Центарот на Денвер е фантастичен во финалната серија. Јокиќ стана првиот кошаркар кој во големото НБА-финале остварил трипл-дабл со 30-20-10, а во досегашните четири меча во финалето, на два оствари триплп-дабл.
Во обложувалниците на Sport Life може да се одигра на триумф на Денвер со 5.5, 6.5, 7.5, 8.5, 9.5, 105 и 11.5 поени разлика со одлични коефициенти. Исто така може да се игра и колку поени ќе бидат постигнати на петтиот меч, а границата се движи од 205.50 до 211.50 поени.
Финалната серија не може да помине без игрите за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции на кошаркарите.
Очекувано, најмногу поени се очекуваат од Никола Јокиќ, границата за него изнесува 29,5 поени, додека таа за Џамал Мареј е 25.5. Кај Мајами, улогата на главен реализатор се очекува да ја има Џими Батлер, за кого границата изнесува 26,5 поени.