26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Денвер и Њујорк сезонава не знаат за пораз против Бруклин и Портланд (Фото)

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари, од кои првиот ќе започне во 18 часот по средноевропско време, а Sport Life подготви понуда со по 154 комбинации за играње.

Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

На задоволство на европските фанови, возбудувањата во НБА ќе започнат во 18 часот и тоа со дуелот меѓу Њујорк никс и Бруклин нетс кој ќе се игра во легендарната арена „Медисон сквер гарден“. Ова е дуел меѓу градски ривали од кои едниот сигурно ќе игра во плејофот (Њујорк 41-28), а другиот се бори да обезбеди пласман во разигрувањето (Бруклин 26-44).

Сезонава веќе одиграа два натпревари меѓу себе и на двата славеше Њујорк и тоа како гостин (121:102, 108:103), а вечерва е голем фаворит и по третпат да се радува на триумф (1.38).

Шампионот Денвер нагетс знае како да го победува Портланд, а сезонава славеше во досегашните три меча и поради тоа и вечерва ги има квотите на своја страна (1.12).

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари за играта „плус-минус“ поени и на неа има дури 59-мина кошаркари. Фаворити да ја надминат границата се играчи како: Микал Бриџис, Фокс, Сабонис, Вембањама, Букер, Вучевиќ…

 

- Оглас -

Најнови вести