Ноќеска во НБА-лигата се играат вкупно девет натпревари, а интересно е дека само на две средби улогата на фаворити ја имаа домашните екипи. Денвер на свој терен игра против Шарлот, екипа која има само 14 победи во 53 натпревари сезонава. Њујорк, кој го има третиот најдобар скор на Истокот, е домаќин на Чикаго, кој има четири порази по ред и се бори за место кое води во плејофот.
На останатите седум средби, барем според коефициентите кои се нудат, гостите имаат поголеми шанси да се радуваат на триумф. Како дерби на вечерта може да се посочи дуелот меѓу Милвоки и Лос Анџелес клиперс.
Одлична е и понудата за бројот на поени кои треба да ги постигнат кошаркарите кои треба да се појават на НБА-терените.