Денвер игра со омилениот ривал, ќе нема кој да го сопре Дончиќ

8419 Лос Анџелес лејкерс – Милвоки бакс (4 ч.)

Дуел на двата последни шампиони во НБА. Милвоки само пред два дена убедливо со 24 разлика го победи Клиперс во Лос Анџелес, а сега Бакси очекуваат да се радуваат и во „Стејплс центарот“ против Лејкерс.

Тимот од ЛА ќе биде без повредените Кармело Ентони и Двајт Хауард. Ветеранот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис треба да бидат главен адут на домаќините, но реално тешко дека ќе може да се справат со расположените гости. Ова се очекува да биде и еден од најефикасните дуели ноќеска.

Предлог тип: 2&>230,5 (3.15)

 

8412 Филаделфија – Феникс (1 ч.)

Феникс ја игра најдобрата сезона во клупската историја и во досегашните 53 меча има дури 43 победи. Сонцата се во одлична форма и во последните 14 меча победија дури 13 пати.

Филаделфија е еден од подобрите екипи на Истокот, но ги загуби последните четири дуели од Феникс. На последните шест меѓусебни дуели, секогаш имало над 223 поени, а дури петпати било со плус 229 поени. Границата на овој меч е на 216,5 поени, па се очекува да биде „плус поени“.

Предлог тип: >216,5 поени (1.94)

 

8418 Денвер – Њујорк (3 ч.)

Њујорк е еден од омилените ривали на Денвер затоа што традицијата вели дека Нагетс победиле на последните осум меѓусебни дуели, односно дури 13 пати во последните 14 средби.

Њујорк има шанси да се бори за 10-тото место на Истокот, но и Денвер е во мисија да го задржи шестото место на Западот, кое е последно што носи директен пласман во осминафиналето на плејофот, па домаќините не смее да си дозволат кикс.

Предлог тип: 1 (1.33)

 

8508 Лука Дончиќ (2.30 ч.)

На четири од последните пет меча, првата ѕвезда на Далас постигнува 30+ поени. Оваа граница не ја надмина само на последниот дуел против Атланта, и тоа поради проблемите што ги имаше со личните грешки.

Словенецот делуваше нервозно во дербито, брзо правеше фаули, па добар дел од мечот го преседе на клупата за резерви. Одигра само 27 минути, но и тоа му беше доволно за да има трипл-дабл.

На последните два меча против Детроит, Дончиќ постигна вкупно 71 поен, па и сега не треба да му е проблем да стигне до границата од 30 поени во дуелот со вториот најслаб тим во лигата. Детроит моментно има само 12 победи и дури 41 пораз.

Предлог тип:>29,5 (1.90)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести