Денвер има рецепт како да се сопре неверојатниот Лука Дончиќ

Пати Милс (НБА, Бостон селтикс – Сан Антонио спарс, 01 часот)

Репрезентативецот на Австралија ја игра 11-тата сезона во НБА и засега има највисок просек во кариерата од 11,7 поени по меч.

На единствената пресметка сезонава против Бостон, резервниот бек на Мамузите беше одличен и постигна 20 поени, двојно повеќе од денешната понуда за него во додатокот на Sport Life за НБА-лигата.

Сите играчи во најсилната лига на светот се посебно мотивирани кога играат во Бостон, едно од легендарните места за настап во НБА-лигата.

Сан Антонио игра многу подобро во последно време, а и Милс е многу поефикасен. На три од последните четири меча имаше двоцифрен учинок во поени, колку што му треба и ноќеска во „ТД Гарден“ за да го исполни условот за плус поени.

Предлог тип: >9.5 поени (1.87)

 

Демар де Розан (НБА, Бостон селтикс – Сан Антонио спарс, 01 часот)

Де Розан игра одлично во последно време, што е клуч за многу подобрите претстави на Сан Антонио пред и по Новогодишните празници.

Просекот сезонава му е 21,7 поени, но бројките се сосема поинакви за него на последните 8 меча. Има многу повисок просек од 25,6 поени, а во тој циклус од 8 натпревари Сан Антонио забележа неколку исклучително важни победи против Милвоки, Мемфис, Детроит и Голден стејт.

Со 25 поени Олстар-кошаркарот на Мамузите го предводеше својот тим до убедлив триумф против најдобрата екипа во Лигата, против Милвоки, на последниот дуел што го одигра Сан Антонио и славеше со 126:104. Тоа е голем поттик за избраниците на Грег Попович во битката за осмата позиција, која гарантира настап во плејофот.

Де Розан ноќеска ќе има тежок ривал против себе и ќе бидат многу интересни дуелите со Џејсон Тејтум. Очекуваме од главниот адут на Сан Антонио да биде ефикасен и по деветти пат по ред да ја мине дваесетката.

Предлог тип: > 20.5 поени (1.87)

 

Еван Фурние (НБА, Орландо меџик – Вашингтон визардс, 01 часот)

Орландо ја стегна одбраната и тоа дава ефект во резултатите на тимот што моментно е седмопласиран во Источната конференција.

Само Милвоки, Јута и Вашингтон успеаја да постигнат над 100 поени на последните 8 меча на Меџик, екипа што има биланс од 5-3 во тој циклус и е во добра форма.

Фурние беше скромен, се подреди на тимот, кој има шанси да игра во плејофот, иако сè уште е рано за прогнози. Ноќеска сепак ќе биде поинаква приказната бидејќи на Орландо му доаѓа ривал што игра осетно хендикепиран во последно време.

Вашингтон има многу повредени играчи. Против Орландо во „Емвеј центарот“ нема да настапат Вол, Брајант, Хачимура, Бертанс, Метјуз, Мајлс и Вагнер и веројатно и Бил, па јасно е кој е фаворит.

На втори јануари кошаркарите на Меџик го растурија Вашингтон на гости со 122:101 и веќе водат со 3:0 во победи сезонава против Визардс. Фурние тогаш постигна 18 поени. И просекот му е тука некаде, или точно 18,8 поени, а очекуваме ноќеска да ги повтори партиите од претходните два меча кога постигна 25 и 31 поен против тимот од главниот град на САД.

Предлог тип: > 18.5 поени (1.87)

 

Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Хјустон рокитс, 01.30 часот)

Хјустон ја декласира Атланта на последниот меѓусебен меч со неверојатни 158:111, а гледачите во „Тојота центар“ гледаа одлично кош-шоу на Харден и на Јанг.

Брадата постигна 60 поени, а Тре броеше до 37, па и ноќеска очекуваме реприза, или барем сличен учинок и на двајцата кошаркари.

Јанг е во одличен ритам и на последните 10 меча што ги одигра за Јастребите, само двапати не успеа да ја мине границата од 28,5 поени, колку што е понудата крај неговото име во денешниот додаток на Sport Life.

Тре ќе мора дополнително да нагази бидејќи повреден е Џабари Паркер, третиот најефиксен играч во тимот, зад Јанг и Колинс.

Во најава е нов спектакуларен дуел на Јанг и на Харден, а ние ќе типуваме плус поени на младата ѕвезда на Атланта.

Предлог тип: > 28.5 поени (1.85)

 

Лука Дончиќ (НБА, Далас маверикс – Денвер нагетс, 01.30 часот)

Лука Дончиќ е маестрален и на 20-годишна возраст доминира во НБА-лигата. Секој негов потег изгледа волшебно, но ноќеска ќе игра против еден од ретките состави чија игра не му лежи.

Нагетс засега се тврд орев за кошаркарскиот бисер од Словенија и на трите дуели што досега ги има играно Дончиќ против Денвер не успеваше да ја мине границата од 24 поени.

На последниот меч беше комплетно запрен од одличните дефанзивци на Денвер и постигна само 12 поени. Џамал Мареј и Гери Херис знаат да играат одбрана, досега успешно го фаќаа во замка Дончиќ, па ќе типуваме дека и ноќеска Лука нема да ја префрли границата од 30 поени.

Секако, овој тип е многу ризичен со оглед на формата во која игра 20-годишниот волшебник на Далас, но Денвер има рецепт за игра против него.

Предлог тип: <30.5 поени (1.85)

 

 

- Оглас -

Најнови вести