8397 Хјустон – Јута (02 ч.)
Хјустон има историски слаба сезона. Во 61 меч досега, Ракетите имаат само 15 победи, а тоа што е уште поалармантно за Хјустон е дека има 14 порази во последните 15 средби.
Јута игра ефикасно, тоа е тим кој може да се бори и за второто место на Запад, па нема дилеми дека гостите ќе слават. Ако се знае дека Џезерите го имаат еден од најдобрите напади, може да се очекува и плус поени.
Предлог тип: 2&>229,50 (2.40)
8347 Милвоки – Мајами (02 ч.)
Ова е дербито на денот. Мајами е најдобриот тим на Исток, но Милвоки на свој терен секогаш ја има фаворитската улога. Мајами има одлична низа од пет победи по ред на гости, а Жешките вкупно имаат девет триумфи во последните 10 кола.
Кога се гледаат мечевите одиграни во последните две сезони, Милвоки има шест победи, а Мајами се радувал двапати. Се очекува неизвесен меч, па Мајами и да загуби, тоа нема да биде со повеќе од четири разлика.
Предлог тип: 2 хен. 4,5 поени (1.94)
8399 Денвер – Оклахома (03 ч.)
Денвер е во одлична форма и има шест победи по ред, токму во периодот кога треба да се одбрани шестото место на Западот, кое е последно што носи директен пласман во плејофот.
Оклахома игра многу слабо, а тим кој има само 19 победи во 62 меча, реално нема шанси да се спротивстави, па Денвер ќе ги добие двете полувремиња.
Предлог тип: 1 двојна (1.69)
8407 Џоел Ембид (01:30 ч.)
Еден од најдобрите играчи во моментов во НБА е ѕвездата на Филаделфија. На седум од последните девет меча, Ембид постигнува најмалку 34 поени, што само потврдува дека е во неверојатен ритам.
Филаделфија вечерва против себе ќе го има тимот на Њујорк, а „76-ките“ се големи фаворити на свој терен. Се разбира дека Ембид треба да биде главен адут во нападот и повторно да ја надмине границата од 30 поени.
Предлог тип: Плус поени 30.5 (1.85)
Феникс – Портланд (04 ч.)
Нема дилеми, Сонцата се апсолутни фаворити на овој меч, но Феникс моментно е во мини-криза бидејќи спои два порази. Феникс на овој меч треба да стигне до јубиленот 50-ти триумф сезонава само во 62 меча.
Сезонава играа трипати, но Феникс не помина толку лесно. Еднаш победи со 10 разлика, еднаш мораше да игра продолжение за да се радува, а Портланд еднаш и изненади, па се радуваше со дури 29 поени разлика. Двете екипи важат за офанзивни, па треба да над 228,5 поени.
Предлог тип: >228,5 (1.94)