Денвер личи на тим со шампионски амбиции, Гордон почна со 13-ка кај Нагетс (Видео)

Арон Гордон дебитираше за Денвер нагетс во победата против Атланта хоукс од 126:102 и со 13 поени и неколку атрактивни забивања потврди дека тимот доби големо засилување.

Ова беше прв меч за еден од најскочните и најатрактивни кошаркари во НБА-лигата за новиот клуб откако се пресели во Денвер од Орландо.

„Овој тим нема лимит. Имаме сè што е потребно, на сите позиции играат квалитетни кошаркари и ако играме на ова ниво, имаме состав за високи дострели. Со играч каков што е Јокиќ, кошарката изгледа толку лесна и забавна. Човекот како да знае да чита мисли“ изјави Гордон.

Денвер многу лесно ја победи Атланта, тим што имаше 9 победи на последните 11 натпревари, но беше сопрен во Колорадо на убедлив начин.

Резултати: Денвер – Атланта 126:102, Торинто – Портланд 117:122, Л.А. Лејкерс – Орландо 96:93.

- Оглас -

Најнови вести