Никола Јокиќ беше најдобар на паркетот и со 32 поени најзаслужен за победата на Денвер над Феникс од 117-90. Овие две екипи ќе одиграат уште еден меч, и тоа на католичкиот Божиќ, но овојпат во Феникс.
Веднаш по мечот, Јокиќ застана пред новинарите и одговараше на нивните прашање, а едно од нив беше „што мисли за играњето на Божиќ“.
„Ништо, ова не е мојот Божиќ, ќе биде само уште еден обичен натпревар“, кусо одговори Србинот.