Денвер надигран, Портланд изнуди брејк и израмнување

Портланд трејлблејзерс експресно одговори по поразот на отворањето на полуфиналната серија од Западот во Денвер, па дојдоа до брејк во вториот дуел и со конечни 97:90 им израмнија на Нагетси. Денвер беше надигран пред своите навивачи, а гостите најдоа решение како да го задржат Никола Јокиќ на мал број поени.

Српскиот центар заврши со, за него скромни, 16 поени, но во учинокот додаде и 14 скока и 7 асистенции. Сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Домаќините ја загубија контролата на мечот уште во воведните минути од средбата, а му дозволија на Портланд постепено да гради сигурна предност. Блејзерс на полувреме имаа +15, откако кошаркарите на Денвер во вториот период реализираа само 12 поени за 12 минути.

https://www.youtube.com/watch?v=5m1354JuF-k

Oд редовите на Портланд најефикасен беше Мекколум со 20 поени, 6 асистенции и исто толку скока, Худ придонесе со 15 поени, додека Лилард застана на 14 поени. Покрај Јокиќ, кај Нагетс двоцифрен беше и Мари со 15 поени, а со еден поен помалку заврши Милсап.

Серијата продолжува во Портланд, каде што ќе се играат следните две средби, а првата од нив е закажана за ноќта меѓу понеделник и вторник (4 мај) со почеток од 04:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести