Денвер не греши двапати против Кливленд

Детроит пистонс – Јута џез (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Јута има четири победи по ред, а Детроит само една победа на последните пет меча. Пистонс не е најслаб тим на Истокот, но далеку е од плејофот. Џез се бори за предност на домашен терен во првото коло, и не би било добро за нив да киксираат. Проблем за Детроит се повредите на Дерик Роуз и Блејк Грифин, немаат многу оружја за победа. Јута е незгоден гостин, последниот пораз на гости го претрпе на 2 февруари, а и традицијата е на нивна страна. Типуваме дека гостите нема да победат со двоцифрена разлика.

Предлог тип: Х 1 9.50 (1.72)

 

Кливленд кавалирс – Денвер нагетс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Денвер има прилика по подолго време да врзе две победи по ред. Кавалирс е последен на истокот, има четири порази во низа. Нагетс ги доби последните две гостувања во Кливленд, но тоа беа мечеви во 2018 година. Интересно е што на 12 јануари, пред неполни два месеци, Коњаниците победија во „Пепси центарот“ со 111-103, па сега Денвер има шанса да се реваншира за тој тежок кикс.

Предлог тип: >218.5 (1.90)

 

Мемфис гризлис – Атланта хокс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Мемфис засега е безбеден на осмото место на Западот, но за да се зацврсти уште повеќе, му треба победа над претпоследниот тим од Истокот. Хокс на гости има пет порази по ред, и осум порази на последните девет гостувања. Атланта во 2017 година последен пат се радуваше на гости кај Гризлис, а Мемфис пред четири дена како гостин ги уништи Јастребите со 127-88. Сега сигурно нема да биде толкава разликата, но би требало да слават домашните.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Голден стејт вориорс – Филаделфија 76 ерс (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Ова се „братски“ клубови, во далечното минато, Вориорс како домаќин играше во Филаделфија, а според квотите, ова ќе биде изедначен меч. Повредите на клучните играчи е главна причина што Голден стејт е последен на Западот, но веќе им се врати Стеф Кари и расположението им е подобрено, па на гостите нема да им биде лесно во Сан Франциско, особено што ќе ги нема Џоел Ембид и Бен Симонс кои се важни играчи. На 29 јануари во Филаделфија, 76-ките победија со 115-104. Вориорс дома не победил уште од 19 јануари.

Предлог т­ип: Т1/Т2 <108.50 (1.73)

 

Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс (кошарка, НБА, 04.00 часот)

Портланд има по една победа и пораз повеќе од Сакраменто со кого се соседи на табелата, и се обидуваат да влезат во плејофот. Двата тима играат променливо, но традицијата дефинитивно ги фаворизира домашните. Блејзерс на свој терен има низа од девет победи по ред во дуелите со Кралевите. Кингс од декември 2012 наваму не знае за триумф во „Мода центарот“. Нуркиќ нема да се врати уште една недела, а тоа значи многу скокови за Хасан Вајтсајд.

Предлог тип: 1 (1.73)

- Оглас -

Најнови вести