Денвер нема да има мака против најслабиот тим во НБА

8641 Тобајас Херис (Филаделфија – Бруклин, 01 часот)

Филаделфија сиксерс има проблеми со повредени играчи, вечерва нема да настапат Џејмс Харден и Тајрис Макси, кои се членови на првата петорка. Во нивно отсуство и во период кога главната ѕвезда Џоел Ембид сè уште е ровок од повредата, се очекува Тобајас Херис да ја преземе реализаторската улога. Херис просечно постигнува по 14,7 поени по натпревар и за очекување е вечерва да биде далеку над просекот, иако за противник ќе го има Кевин Дурант.

Предлог тип: >18.5 поени (1.92)

 

8613 Феникс санс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04 часот)

Ова е дуел на два тима кои пред стартот на сезоната беа фаворити за пласман во плејофот, но игрите и резултатите покажуваат нешто друго, барем кога се однесува за најтрофејниот тим во НБА-лигата заедно со Бостон.
Додека Феникс игра стандардно добро и е втор во Западната конференција, ЛА лејкерс очајно ја започна сезоната и има скор од пет победи и 10 порази. Скорот го подобри во последните три меча во кои оствари три победи, но тоа беа дуели со послаби екипи од Феникс. Сезонава веќе одиграа еден натпревар и на него славеше Феникс со 119:115. Но, отсуството на Леброн Џејмс би требало да претставува преголем хендикеп за Лејкерси.

Предлог тип: 1 &>227.5 поени (2.60)

 

8611 Денвер нагетс – Детроит пистонс (НБА, 03  часот)

Денвер е третопласиран во Западната конференција со скор 10-6, додека Детроит е последен на Истокот само со три победи во 18 меча. Детроит исто така се наоѓа во серија дури од седум порази по ред и нема што да бара во дуелот со Никола Јокиќ, Џамал Мареј и останатите играчи на Денвер.

Предлог тип: 1 со хендикеп 7.5 поени (2.00)

 

8655 Мајкл Портер јуниор (Денвер – Детроит, 03 часот)

Дуелот со најлабиот тим во НБА-лигата ќе претставува одлична можност за дел од кошаркарите на Денвер нагетс да влезат во поентерски ритам. Еден од нив е Мајкл Портер јуниор, кој минатата сезона ја пропушти поради повреда, а сезонава постигнува 16,3 поени по натпревар.

Предлог тип: >17.5 поени (1.90)

 

8665 Домантас Сабони (Мемфис – Сакраменто, 02 часот)

Сакраменто кингс е најефикасна екипа во НБА-лигата со 121 поен по натпревар, а еден од клучните играчи е Домантас Сабонис. Литванецот сезонава просечно постигнува по 17,5 поени и е втор стрелец кај Кралевите, зад Деарон Фокс. Вечерва го очекува дуел со Џарен Џексон јуниор, но Сабонис во минатото покажа дека обожува да игра против добри дефанзивци и да го презентира својот „офанзивен арсенал“.

Предлог тип: >16.5 поени (1.82)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести