Актуелниот шампион во НБА-лигата, екипата на Денвер нагетс во одбраната на трофејот ќе тргне од втората позиција на Западната конференција. Тие во последното коло ја совладаа екипата на Мефис со 111-126 на гостински терен, но победа забележа и Оклахома сити тандерс, со што го зачува првото место во Западната конференција.
Никола Јокиќ мечот против Мемфис го заврши со дабл-дабл ефект од 15 поени и 15 скока, на кои додаде и пет асистенции.
Втората непозната на Западот беше која екипа ќе тргне со предност на домашен терен во плејин-разигрувањето. Тоа ќе биде Сакременто, откако на домашен терен го победи Портланд, а од последното 10-то место во разигрувањето ќе влезе екипата на Голден стејт.
Резултати:
Голден стејт – Јута 123-116
ЛА клиперс – Хјустон 105-116
Мемфис – Денвер 111-126
Минесота – Феникс 106-125
Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 108-124
Оклахома – Далас 135-86
Сакраменто – Портланд 121-82
Сан Антонио – Детроит 123-95