24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Денвер победи во најслабиот меч на Јокиќ, неверојатниот Дончиќ не беше доволен за Далас (Видео)

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Јокиќ, го одигра својот најслаб натпревар оваа сезона и постигна само осум поени во победата на Денвер над Далас од 130-104. Ова за Јокиќ е третпат оваа сезона да не успее да дојде до двоцифрен ефект, но претходно двапати беше исклучен и не го дочека крајот на натпреварот и играше само 16 минути. Денес проблем не беа ниту личните грешки, ниту минутажата, и токму затоа овој меч е најслаб за Србинот оваа сезона.

Сепак, тројца други кошаркари беа расположени против Далас и ја донесоа победата. Џамал Мареј уфрли 22 поени, Арон Гордон 21 и Реџи Џексон 20. Кај поразената екипа одличен беше Лука Дончиќ со 38 поени, но неговиот поентерски ефект не му помогна на Далас да се спаси од пораз.

Резултати:

Кливленд – Хјустон 135-130
Индијана – ЛА клиперс 127-151
Филаделфија – Чикаго 104-108
Атланта – Детроит 130-124
Мајами – Минесота 108-112
Торонто – Шарлот 114-99
Оклахома – Мемфис 116-97
Денвер – Далас 130-104
Јута – Бруклин 125-108
Сакраменто – Вашингтон 143 – 131
ЛА лејкерс – Њујорк 109-114

- Оглас -

Најнови вести