Денвер со нова лекција за Лејкерс, ѕверот Ембид имаше партија во стилот на Мајкл Џордан (Видео)

Денвер нагетс и 11-ти пат по ред го совлада Лос Анџелес лејкерс во меѓусебните дуели во НБА-лигата. Oвојпат Грутките славеа како гости со 112-105 и водат со 3-0 во победи, доаѓајќи на чекор од пласман во следното коло на плејофот бидејќи ниту еден тим во историјата на НБА не победил со 4-3 по негатива од 0-3.

Последната победа на Лејкерс против Денвер беше во 2022 година. Лејкерс почна добро, имаше двоцифрена предност во првото полувреме, но актуелниот шампион направи пресврт.

Кај Лејкерс потфрли Данџело Расел, кој остана без поени, па Ентони Дејвис, кој имаше 33, и Леброн Џејмс со 26 поени ја немаа потребната поддршка. На Никола Јокиќ, кој имаше 24 поени и 15 скока, му фалеше една асистенција за трипл-дабл, а кај Денвер 20 или повеќе поени имаа и Арон Гордон и Мајкл Портер јуниор.

Орландо со 121-83 го прегази Кливленд и тоа е најтежок плејоф-пораз во историјата на Кавалирс. Магичните намалија на 1-2 во оваа серија, во која досега секогаш победува тој што е во улога на домаќин. Орландо во својата сала немаше плејоф-победа цели 13 години.

Филаделфија го одбрани домашниот терен и го победи Њујорк со 125-114, па намали на 1-2 во оваа серија. Во главна улога беше Џоел Ембид, кој уфрли 50 поени и стана првиот кошаркар по Мајкл Џордан, кој на Никси им дал над 45 поени на еден плејоф-меч.

Имаше и еден контроверзен момент кога Ембид можеби требаше да биде исклучен, но судиите не го сторија тоа и го оставија на терен. Погледнете го неспортскиот фаул на Ембид:

- Оглас -

Најнови вести