31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Депај ги договори личните услови со Барселона

Мемфис Депај во најскоро време може да биде промовиран во нов играч на Барселона. Според најавите, Депај постигнал договор за личните услови со каталонскиот гигант, но работата уште не е завршена. „Зелено светло“ треба да даде и Олимпик Лион, тимот за којшто игра холандскиот репрезентативец.

Во минатата прекината сезона во Франција, Депај имаше биланс од 15 погодоци во 22 меча и со тоа го привлече вниманието на Барселона и на новиот тренер Роналд Куман. Депај блескаво стартуваше и во новата сезона во Лига1 откако даде три гола за Лион во првото коло од шампионатот.

За Депај ова е петта сезона во дресот на Лион, а претходно една и пол година беше дел од Манчестер јунајтед. Кариерата ја започна во ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести