Столе му одбрани пенал и сè му тргна наопаку – Депај ќе заглави на клупа за резерви кај Барса, му пропадна сигурен трансфер во Јувентус

Мемфис Депај се најде во незгодна ситуација откако е објавено дека речиси сигурниот трансфер и преселба од Барселона во Јувентус му пропаднаа.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1562823702068150272?s=20&t=P23b8gpxuTT6HDGmA4t_Mw

Минатата недела изгледаше дека трансферот на Холанѓанецот е завршена работа, но се изјалови и поради тоа што Рабио не се пресели од Торино во редовите на Манчестер јунајтед.

Сега Депај е во незгодна ситуација бидејќи трансфер-пазарот во Топ-5 лигите се затвора најдоцна до 1 септември и нема многу време за договор со друг клуб.

Во Барса не сметаат на него, па би ја „греел“ клупата до следниот преоден рок, што ќе биде во јануари.

Тоа е лошо за него бидејќи Депај би требало да биде сигурен патник за Мундијалот во Катар со холандската репрезентација, која е меѓу фаворитите за шампионската круна на турнирот во ноември и декември.

 

- Оглас -

Најнови вести