Холандија имаше една победа, реми и пораз во групната фаза на ЕП и како третопласирана помина во нокаут сегментот. Лалињата во осминафиналето, в вторник ќе играат против Романија која заврши како прва во својата група, а истотака имаше по еден пораз, победа и реми.
Еден од оние кои треба да бидат предводници на холандската репрезентација е Мемфис Депај. Голгетерот кој има 95 настапи во репрезентативниот дрес и 46 погодоци, вели дека сите во составот се свесни дека не одиграле на посакуваното ниво, но дека сега доаѓа главното на ЕП.
„Реално, турнирот започнува дури сега. Треба и практично да покажеме дека сме ги научиле грешките. Имавме разговори, взаемно се критикувавме, си дававме совети, затоа што резултатите не беа такви какви што сакавме да бидат. Групната фаза е минато и ние треба да продолжиме напред“, вели Депај.