Депај во наредните 48 часа ќе биде нова ѕвезда на Јувентус

Мемфис Депај само по една сезона ќе ја напушти Барселона, наводно постигнат е договор со клубот за предвремено прекинување на неговиот договор. Причината за овој потег е што Мемфис во најскоро време ќе го засили Јувентус, со кого веќе има вербален договор околу соработка.

Холанѓанецот во Торино го чека двегодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона, плус 2 милиони во вид на бонус при потпис на договорот. Италијанските медиуми известуваат дека Депај веќе од вторник ќе биде член на Старата дама.

Иако не е по негова желба, Депај ги напушта Каталонците, кои пак успеаја да ги олеснат финансиите, што е клучно за нив во овој период. Депај се разделува со Барселона по 36 настапи со учинок од 13 гола и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести