Гол-шоу ќе има во Меделин

Депортиво Толима – Атлетико Насионал (четврт-финале, Куп на Колумбија, 01 часот)

Толима изненади со победа во Меделин на првиот меч со 1:0 и со предност ќе го почне реваншот против најтрофејниот и најпопуларен клуб во Колумбија.

Домаќините се на 13-тото место во Првата колумбиска лига и не можат да се борат за врвот, па им останува надеж дека ќе успеат да го комплетираат подвигот против Атлетико во Купот, што го најавија во првите 90 минути како гости. Во последно време играат одлично, а одбраната е цврста и прими само еден гол на последните 7 меча.

Сепак, на гости им доаѓа екипа што е симбол за успех и на домашен и на меѓународен план. Со вкупно 22 титули во сите натпреварувања, Атлетико е број еден во Колумбија, а со два трофеи и едно финале во Копа Либертадорес е треторангиран клуб во ова натпреварување.

Популарните „Ел Верде“ ги собраа симпатиите на целиот фудбалски свет кога во 2016 година му ја подарија титулата во Копа Судамерикана на Шапекоенсе по големата трагедија на бразилскиот тим и уривањето на авионот на пат кон Меделин.

Во домашната лига немаат пораз на досегашните 10 натпревари. И одбраната на Атлетико е во топ-форма и прима малку голови, па ќе типуваме дека гостите нема да загубат на „Мануел Мурилјо Торо“ во меч со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.70)

 

Атлетико Паранаенсе – Интернасионал (финале, Куп на Бразил, 02.30 часот)

Во Куритиба почнува финалето на бразилскиот куп меѓу две екипи што се во горниот дом на фудбалот кај најтрофејната нација на светот.

И двете екипи имаат голема шанса да освојат трофеј откако испаднаа во Копа Либертадорес, а не се фаворити за титулата во домашното првенство.

Атлетико приреди подвиг во полуфиналето на бразилскиот куп и анулира негатива од 0:2 против Гремио, па во реваншот славеше по подобро изведување на пенали.

Интернасионал многу полесно, со две победи против Крузеиро, се пласираше во големото финале, што ќе се игра во два меча.

Сезонава и двете екипи играат фајтерски фудбал и ретко ремизираат, па ќе типуваме дека и ноќеска нема да биде нерешено во ниту едно од двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2I&1-2II (2.10)

 

Индепендиенте Меделин – Онсе Калдаш (четврт-финале, Куп на Колумбија, 03.15 часот)

Многу пресврти и голема битка имаше на првиот дуел од четврт-финалниот двомеч на „Палогранде“ меѓу Онсе Калдаш и Индепендиенте, а гостите од Меделин славеа со 3:2.

Имаат голема предност пред дуелот ноќеска на „Атанасио Жирардо“ во Меделин бидејќи на Онсе Калдаш веројатно ќе му треба победа од два гола разлика за пласман во полуфиналето.

Предност за Индепендиенте е што постигна дури 3 гола на гости, па и минимален пораз им одговара ако не примат повеќе од два гола.

Хендикеп за гостите ќе биде и неиграњето на бекот Диего Пералта поради исклучувањето на првиот меч. Последните дуели меѓу овие две екипи беа ефикасни со голови на двете страни, па и ноќеска се очекува да биде возбудливо и ефикасно. Онсе Калдаш мора да напаѓа, Индепендиенте и на првиот меч покажа дека знае да игра ефикасно, па головите се вистински избор за типување.

Предлог тип: 2+I&4+ (6.90)

 

Михаела Бузарнеску – Куруми Нара (тенис, ВТА Хирошима, 04.30)

Во осминафиналето на ВТА-турнирот во Хирошима ќе играат две тенисерки што немаат големи успеси и досега освоија по една титула во професионалната кариера.

Романката Бузарнеску има 31 година и во последните две сезони го игра најдобриот тенис во кариерата. Пропушти дури 4 години настапи на ВТА-турнирите поради повреда, па сега во залезот на кариерата се обидува да го надомести пропуштеното.

И Нара е слична приказна, но е помлада четири години од ривалката во осминафиналето. Јапонците ја најавуваа како голем талент, но тоне во просечност и не го потврди предвидувањето дека има квалитет за високи дострели.

На турнирот во Хирошима игра со вајлд-карта, односно со покана од организаторите, а приреди едно изненадување во претходната рунда со елиминација на петтата носителка Татјана Марија.

Бузарнеску е во подобра форма, но Нара игра на свој терен во Јапонија, па очекуваме неисвесен меч и можно ново изненадување во режија на Куруми.

Предлог тип: 2&>21.5 гема (4.80)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести