Јувентус и Милан одиграа без голови во дербито на шестото коло во италијанската Серија А. По ова реми позадоволни може да бидат домаќинот Јувентус затоа што Милан имаше повеќе шанси за погодок, а најдобрата Росонерите ја пропуштија во 53 минута кога Кристија Пулишиќ промаши пенал.
Фудбалерот на гостите шутираше високо над голот, за голема радост на домашните навивачи.
По ова коло Милан сега има 13 бодови и е на третото место на табелата, додека Јувентус е шести со 12 бодови.