Арсенал – Кристал Палас (17:30 ч.)
Ако се гледа распоредот на табелата, ова е дерби меѓу петиот и шестиот. Кристал Палас одлично ја започна сезоната, но вистинско чудо ќе биде ако успее да остане непоразен кај Топчиите, кои сезонава дома играат одлично и имаат три победи и само едно реми.
Арсенал дава, но и прима голови, а и традицијата вели дека погодоците не се непознаница кога овие екипи се на теренот. сите четири последни меча завршиле со ГГ 4+, што е најава за ново шоу.
Предлог тип: 1&4+ (3.10)
СПАЛ – Наполи (15 ч.)
Наполи има дополнителен мотив да тргне по трите бода на ова гостување. Јувентус и Интер ремизираа, па наполитанците со победа ќе намалат по два бода во однос на конкурентите за титулата. На четирите досегапни гостувања, Наполи даде 11 гола во првенството, што само покажува дека офанзивата е главна цел на тимот на Карло Анчелоти.
СПАЛ е на претпоследното место во Серија А, но двете победи кои ги има се пред своите навивачи. Традицијата на меѓусебните дуели вели дека Наполи победил на последните пет средби, но ниеднаш не е со повеќе од еден гол разлика, што потврдува дека се работи за неизвесни дуели.
Предлог тип: 2&0-3 (2.28)
Ајакс – Феенорд (16:45 ч.)
По само 10 одиграни кола во Холандија, Ајакс има речиси двојно повеќе бодови од Феенорд. Гигантот од Амстердам е лидер со 26 бода и е единствен тим без пораз во првенството, додека Феенорд е на очајното 11 место со само 14 бодови.
Кога игра на Амстердам Арена, Ајакс во 4 средби даде дури 16 гола, а прими само еден и има максимални 12 бодови. Традицијата за меѓусебни дуели вели дека на последните осум дерби дуели имало дури 29 погодоци, односно повеќе од 3,5 на средба.
Предлог тип: ГГ3+ (1.76)
Порто – Фамаликао (18:30 ч.)
Ова е меч на двократниот европски првак и најголемото изненадување за оваа сезона во Европа. Порто е апсолутен фаворит против непознатиот Фамаликао. Гостите се новаци во елитната лига на Португалија, но прават чуда. Во 7 меча имаат шест победи и едно реми. Го победија Спортинг во Лисабон, а сега сакаат да направат чудо и кај Порто.
Сепак, тешко е да се верува дека Порто ќе дозволи срам пред своите навивачи, туку со победа, а со победа ќе ја обезбеди лидерската позиција. Во 21 век играле само еднаш и тогаш се случило изнрнадување. Фамаликао победил со 1:0 на свој терен во меч од Купот во 2016 година.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)
Рома – Милан (18 ч.)
Рома е тимот со најмногу нерешени резултати во Серија А сезонава. Дури четири пати Римската волчица одигра без победник. Милан има само една победа во последните пет меча. На пет од последните осум меѓусебни дуели немало повеќе од два гола, што значи дека дуелите се неизвесни.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.20) – квота на денот во Sport Life
Освен квотата на денот што Sport Life ја нуди за дуелот на „Олимпико“, квоти на денот има и за двете големи дерби дуели во Англија и Франција. За мечот Ливерпул – Тотенхем квота на денот е 1&T1 3+ (2.75), додека квота на денот за ПСЖ – Олимпик Марсеј е 1&ГГ (2.70).