Типувањето за второто коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до сабота во 15.30 часот.
Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челзи е во фокусот од саботните дуели, Црвените ѓаволи имаат императив да победат, а лондонскиот тим ќе нема многу време за одмор по поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Во недела ќе биде уште поинтересно затоа што ќе се игра уште едно премиерлигашко дерби меѓу Арсенал и Манчестер сити. Засега прогнозерите се на страната на Арсенал.
В недела има уште две дербија, едното е во Италија, римската пресметка меѓу Лацио и Рома, а второто е во Франција, дуелот меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.