Поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски е јунакот на Гостивар во големата победа против Работнички во Скопје со 83:79, со што е сопрена серијата на најтрофејниот наш клуб од девет победи по ред.
Костоски погоди клучна тројка при резултат 76:76, а потоа од шест обиди четирипати беше прецизен од линијата за слободни фрлања.
Гостите од Гостивар направија пресврт во последната четвртина што ја добија со 26:16, откако во одлучувачките 10 минути влегоа со негатива од шест поени.
Костоски постигна 19 поени и беше клучниот фактор за триумфот на Гостивар, а неговиотсоиграч Јаневски беше најефикасен со 20 поени.
Младеновски кај Работнички беше прв стрелец со 19 поени, додека Питис забележа 15-ка.
Во вториот меч денеска МЗТ Скопје го победи Вардар убедливо со 82:66.