Дерби-дуели во Белорусија и Естонија, борба за трофеј во Романија

3530 Динамо Минск – Динамо Брест (19 ч.)

Динамо Минск е единствениот тим без пораз во првенството на Белорусија, но иако е лидер, има голем притисок од два тима кои се на чекор зад нив. Динамо Брест е на четвртото место и во последните неколку дуели со овој ривал е во подредена состојба.

Во последните шест меча, тимот од Минск има четири победи и две ремија, а и сега е фаворит за трите бода.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.55)

 

3632 Левадија – Флора (18 ч.)

Левадија е лидер во шампионатот на Естонија, а Флора е третопласирана, што значи дека ова е дерби на колото. Левадија дома доминира и има шест победи, три ремија и ниту еден пораз, со супер гол-разлика од 18 дадени и само четири примени гола.

Иако Левадија доминира, токму Флора е тимот кој им го нанесе единствениот пораз сезонава, и тоа речиси пред два месеца кога победи Флора со 1:0. Сепак, овојпат сигурно ќе следува реванш за тој неуспех и се очекува триумф на домаќините.

Предлог тип: 1-1 (2.40)

 

3634 Клаксвик – Б36 Торшавн (19:30 ч.)

Клаксвик е еден од ретките тимови без реми сезонава во првенството на Фарски острови, додека Б36 Торшавн е специјалист за нерешени (шест реми). Клаксвик дома има шест победи и еден пораз, а Б36 Торшавн е екипа која игра многу отворено со многу дадени и примени гола (гол разлика 31:25 во 15 дуели). Ова треба да биде отворен дуел со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.68)

 

1277 Слајго роверс – Дери сити (20:45 ч.)

Дери сити е убедливо најефикасниот тим во ирското првенство, каде што врза четири победи по ред. Слајго роверс игра отворено, често дава, но и прима голови. Интересно е дека Дери сити нема победа во последните четири дуели со овој ривал. Може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.70)

 

2439 ФЦСБ – Хунедоара (19 ч.)

Битка за првиот трофеј во Романија и тоа тој во Супер купот. Хунедоара, кој играше во втора лига, беше изненадувачкиот освојувач на Купот, па ќе биде вистинско чудо ако успее повторно да шокира, и тоа првакот ФЦСБ.

Овие две екипи играле еднаш и тоа во 2021 година, во Купот, кога било 3:3 во регуларниот дел, па ФЦСБ победил со 5:3 во продолженијата.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.00)

 

- Оглас -

Најнови вести