Новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до сабота, во 14 часот, кога почнува првиот меч, а голем дел од играчите веќе го одиграа тикетот.
Во фокусот се неколку дерби-дуели, пред сѐ Јувентус – Милан и Аталанта – Наполи во италијанската Серија А, кои директно решаваат и за врвот на табелата.
Во Бундеслигата најголема неизвесност постои за пресметката меѓу Унион Берлин и Мајнц, а во Ла Лига се среќаваат Валенсија и Реал Сосиедад. На тимот на Столе Димитриевски очајно му е потребна победа за бегство од дното.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.